Креативци
145
Креации
217

Стол – Школка

By boy | June 26, 2011 | 0 comment | 144 погледнато
Стол – Школка
Visit Website 2 фаворити
Опис:

Столот Школка е дизајниран со цел да ги задоволи сите аспекти на современиот индустриски дизајн за сериско производство – тој претставува употреблив и удобен предмет од една страна, но и уметничко-дизајнерско дело со органска форма од друга страна.

Столот е изработен од внимателно одбрани цврсти, а лесни материјали (high density polypropylene, inox), што придонесува да биде лесен за преместување или транспорт, а сепак издржлив и долготраен. Пределот за седење содржи лесна вдлабнатина, наслонот е накривен под агол од 22о, а ногарката е внимателно поставена на неопходната раздалеченост од положбата на нозете, со што се почитува ергономскиот принцип за удобно седење при релаксација.

Од уметнички аспект, столот претставува балансирана интеграција на антонимните парови: тесно-широко, отворено-затворено, рамно-заоблено. Неговата широка основа – седиштето, покажува тенденција да се извиши нагоре во еден хармоничен, минималистички облик на кого сепак примарна функција му е неговата применливост како стол, а секундарна – вајарскиот израз во просторот.

Како инспирирација за уникатниот изглед на овој стол е земена морската школка, која од предисториските општества па се до денес се користи како украс, а претставува и симбол на божицата на убавината – Афродита. Собирањето школки било омилено хоби на аристократијата во 17-тиот век. Во процесот на дизајнирање, формата на столот Школка е прочистена и поедноставена, за да се добие луксузен изглед со максимална употребливост. Во празниот простор под седиштето, корисникот на столот може да ја надоврзе својата креативност и фантазија, да ги чува омилените весници, книги, украсни предмети и слично. Уникатниот облик и пастелна боја се осмислени така што столот Школка може да биде сместен во секоја салонска просторија, лесно се комбинира со останатиот мебел, а воедно сам по себе е уметничко дело во просторот. Оттаму, столот Школка ја задоволува секоја практична, естетска, просторна и функционална потреба на неговите корисници, при тоа оставајќи доволно место за нивниот личен вкус, фантазија и желба за комбинирање.

Leave a Comment